понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мајката на момчето кое загина во пожарот позади „Рамстор“ бара помош

Мајката на момчето кое загина во пожарот позади „Рамстор“ бара помош

25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид.

На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања. И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.

Извор: fokus.mk

Најнови вести