На 29-ти април на подрачјето на Љуботен (Скопје) е пронајдено тело од маж изгорено. Телото, тоа што е останато од телото е маж во возраст од 20 до 35-36-40 години, обелоденува Маја, мајката на Пино кој долго време се води за исчезнат.
Нејзиниот статус го пренесуваме во продолжение:
-Полицијата нé повика сите нас родители на исчезнатите за да оставиме ДНА (НДА). Мене на 2 Мај ми се јавива( после 3 дена) да ме повикаат да дадам ДНА (НДА). Јас сум моментално во Италија. Во сабота и недела каде што треба да ми земат ДНА (НДА) не работат. Се зима ДНА(НДА) само од понеделник до петок.
Сакам да го прашам Министерот за Внатрешни работи Господинот ОЛИВЕРСПАСОВСКИ како е можно во ваков кризен момент сабота и недела да не работат на случајот? Не зимаат ДНА (НДА) Викенд си тераат? Им е гајле на нив како се осеќаме ние родителите од 29=ти април што си ги јадеме живците незнаејќи ништо и наместо да се направи КРИЗЕН ШТАБ они сабота и недела не работат!!! ПРВИ МАЈ не работат! Па Да! Така е! Па не се нивни деца во прашање. Да се работеше за нивни деца ќе се работеше 24/24 саати!!! 7 дена на 7!!! Ќе трчаа дење и ноќе #МВР СРАМ ДА ВИ È!!!