Состојбата со загаденоста на воздухот во државава останува катастрофална.
Речиси во сите градови, граѓаните буквално дишат отров.
И денес нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди неколку пати над максимум дозволената граница.
Кај Ректорат мерната станица покажува 223 микрограм на метар кубен, во Гостивар 232, а во Тетово високи 261.
Скопјани едвај дишат, но во најзагадените општини, мерните станици не работат.