петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонците дишат отров: Загадено низ цела земја, Скопје буквално се гуши

Македонците дишат отров: Загадено низ цела земја, Скопје буквално се гуши

Загадувањето на воздухот е на високо ниво низ цела Македонија. Граѓаните буквално-дишат отров.

Во скопски Аеродром мириса на киселина и запалени гуми. Во останатите населби загаденоста исто така е голема и се манифестира со непријатна миризба.

Загадувањето е неколкукратно над дозволените граници. Еве ја состојбата во моментов:

Проблемот со загадувањето во земјава станува вирален, па така на социјалните мрежи се поостри се реакциите и на граѓаните и на здруженијата за заштита на животната средина.

„Она што не ви успеа во ниту една друга сфера, во ниту еден друг сегмент на живеењето во 21 век, ви успеа вчера: направивте Скопје да е лидер, да остави зад себе 4.415 градови и биде НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД НА СВЕТОТ. Фактичката состоја е дека немате ниту сериозна волја, ниту сериозен капацитет за да се справите со оваа опасност по живот и здравје и со оваа брука што и ја наметнувате на својата држава и нејзиниот главен град. И затоа треба да си поднесете оставки и да не глумите загриженост!“ – велат од „О2 Иницијатива“.

Битола денеска е најзагден град во Европа

Високата концентрација на ПМ 10 честичките и денеска е потврдена на повеќе мерни станици и во главниот град, но и во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и во Битола, која утринава беше на прво место по загаденост на европскиот континент. Иако се апелира да се прогласи алармантна состојба и да се активираат итните мерки во момент кога среднодневната концентрација на ПМ10 честичките во два последователни дена надмине 200 микрограми, властите засега излегуваат само со млаки препораки.

Да се избегнува користењето на возила, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците.

Скопје синоќа беше најзагаден град во светот

По еден часот, синоќа, Скопје, се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух. Индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.

На „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.

Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во Ѓорче Петров, мерната станица во 23 часот покажуваше 641 mg/m3, што е 12 пати над дозволеното.

Во Црниче мерната станица покажува 454 микрограм на метар кубен, таа во Центар 412, додека таа во Карпош високи 700.

Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.

 

Најнови вести