вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонците од Малта бараат амбасада, а не да ги покрива таа во Италија

Македонците од Малта бараат амбасада, а не да ги покрива таа во Италија

Брзорастечката македонска заедница во Малта бара отворање амбасада во Валета, наместо како сега да биде покриена од таа во Рим.

„Не може амбасадата во Рим да е надлежна за Малта, каде има околу 12.000 Македонци. Потребно е да имаме и ние амбасада. Со проширување на ингеренциите на амбасадата во Рим и за Малта, ние како заедница не добивме никави олеснувања во административните работи. Напротив, речиси никогаш никој не се јавува на броевите во амбасадата, па нашите граѓани мораат да се снаоѓаат кој како може.
Откога надлежноста е проширена и за Малта, до ден денес ниту еднаш не се организирани конзуларни денови во Малта. Тоа говори за непрофисениолниот однос на оние кои се одговорни во амбасадите. Жално е што одредени амбасадори оваа фунција ја гледаат како награда и можност за живеење во некоја држава, наместо како реален сервис на граѓаните“, констатира претседателот на Македонска заедница во Малта, Максимилијан Казаков, во статус на Фејсбук.

Најнови вести