четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонците од Словенија му одговорија на Тозија: Ќе те пријавиме во неколку европски институции!

Македонците од Словенија му одговорија на Тозија: Ќе те пријавиме во неколку европски институции!

Македонската Влада упорно молчи за навредите на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој пак преку писмо до јавноста се извини на хрватскиот народ, но не и за навредите кон словенечкиот премиер Јанес Јанша, пишуваат во отворено писмо Македонците во Словенија.

Затоа, тие сметаат  дека и  македонската Влада стои  зад истите ставови искажани од страна на Тозија кој во своите објави го нарече премиерот на Словенија Јанеш Јанша, фашист.

Поради игнорантскиот однос на Владата, тие во писмото информираат дека ќе ги известат сите европски институции.

Најнови вести