понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Македонците заминаа во Грција пред продолжениот викенд- еве колку време се чека на граничниот премин Богородица

Македонците заминаа во Грција пред продолжениот викенд- еве колку време се чека на граничниот премин Богородица

На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести