На 72-годишен државјанин на Р.Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во Р. Македонија за време на викендот, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.
– 10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според важечките прописи на Србија и ЕУ можат да се пренесат во готово преку границата, додека за преостанатата сума одлука донесе надлежниот суд по итна постапка. Патникот е казнет и трајно му се одземени 148.000 непријавени евра во корист на државниот буџет на Србија, соопштија од Царината.
Тие потсетуваат дека „преку границата дозволено е да се пренесуваат до 10 000 евра“, и дека износите над оваа сума „мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите“. (МИА)