сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија донесе одлука: Кој ќе може да прими вакцина од „Астра Зенека“?

Македонија донесе одлука: Кој ќе може да прими вакцина од „Астра Зенека“?

Европската агенција за лекови (ЕМА)  соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

Македонија донесе одлука, а истата ја соопшти министерот за здравство.

-Донесовме став вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја. Нема препораки за претпазливост по однос на оние кои веќе ја примиле, а за ревакцинацијата за оние кои веќе се вакцинирани со оваа вакцина нема став. Ќе ги пратиме насоките и ќе донесеме став во следниот период, истакна министерот Венко Филипче.

Во тек е вакцинацијата со оваа вакцина на лицата постари од 77 години бидејќи кај оваа возрасна категорија граѓани не се забележани негативни ефекти од „АстраЗенека“

ЕМА вчера соопшти дека при донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини.

-Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

Најнови вести