петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија е бугарска, колку погласно лажете, толку пострашен ќе ви биде крајот: Ќе реагира ли власта на скандалозното обраќање на Џамбазки?

Македонија е бугарска, колку погласно лажете, толку пострашен ќе ви биде крајот: Ќе реагира ли власта на скандалозното обраќање на Џамбазки?

Не постои ден, а да не биде понижена Република Македонија и македонскиот народ во целина. Договорот за добрососедство со Бугарија кој што го постигна премиерот Зоран Заев, на Република Македонија освен секојдневните понижувања ништо добро не и донесе.

Имено, бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки преку видео обраќање испрети дирекни закани кон Македонија, Македонците, како и дирекно кон премиерот Заев. На ова не треба да се остани ниту глув ниту нем, потребна е веднаш остра реакција од македонска страна. Доста е со понижувањата на властите од Бугарија, еднаш и засекогаш треба да им се покаже каде ин е местото.

-Има каузи кои се поголеми од секој и од се. Од каква било политичка ситница. Поголеми од која било актуелна политичка тема, вели Џамбаски, претставувајќи ја Македонија како една таква кауза за него и за неговата партија.

-Драги, велам ’драги‘ од воспитување, привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21. век без да го признаете 20. век. Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку пожестоко ја измислувате својата лажна приказна, толку посилно ќе се срушат лажните темели врз кои сте ја граделе својата мизерна сегашност. Колку повеќе хистерично ја мразите Софија, толку повеќе Охрид останува бугарски. Колку погласно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и пострашен ќе биде вашиот крај,вели Џамбаски.

„Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе биде од запад“, вели во своето скандалозно обраќање Џамбазки.

Ова веќе ги премина сите нормални граници, време е за остра реакција од старана на Република Македонија, ваквото однесување на бугарските политичари не е дозволиво… Веднаш е потребна остра реакција!

Најнови вести