петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија и традицијата пред се: Потегот на Чулев со лавина позитивни реакции од граѓаните

Македонија и традицијата пред се: Потегот на Чулев со лавина позитивни реакции од граѓаните

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера присустуваше на 24-ти Мичурински средби кои традиционално се организираат по повод Православната нова година.

-Традицијата е составен и важен дел од животот на секој кој живее во Македонија. Денес по 24 пат се собравме во моето маало на традиционалните „Мичурински средби“. Убаво е по завршувањето на обврските во Министерството за внатрешни работи да одвоиш време за разговор со соседите и пријателите. Со благослов мичуринци ја испраќаат старата, а ја пречекуваат Новата година по јулијанскиот календар.“, напиша министерот на својот Фејсбук профил.

Фотографиите и објавата на неговата фејсбук страна предизвикаа вистинска бура на позитивни реакции помеѓу граѓаните. Тие не штедеа пофални зборови за го поддржат Министерот кој освен работните обврски посветува време на граѓаните од своето маало и ја почитува и негува традицијата на Република Македонија.

„За секој човек без разлика дали е партиски обоен во кој не препознавам ароганција, осветољубивост туку препознавам, професионалност и блискост до народот, имам посебна почит кон него, дај боже да е така, да не грешам“, напиша Марика Јанковска под фејсбук објавата.

„Колку е убаво чувството кога човек е опкружен со сопствениот народ. Бог да те благослови, Св. Василије да ни е многу години. Да царува мирот и меѓусебното почитување.“, Марушка Накова.

„Браво Министре, народен човек се гледа“, напиша Горан Јакимов.

Според најавите од Кабинетот на Чулев тој во престојниот период секојдневно ќе остварува формални и неформални средби со граѓаните.

-Додека функционирите од СДСМ се занимаваат и закануваат со тужби, ние се грижиме и ќе разговараме со граѓаните, додаваа од таму.

Најнови вести