И оваа година владата на СДСМ и премиерот Ковачевски ја слават независноста на Република Македонија без воопшто да го споменат името на државата.
Петта година по ред во ниту еден од слоганите на владата на СДСМ за чествување на државниот празник 8ми Септември не стои името на државата, Република Македонија.
Уште во 2019 та година тогашниот премиер на владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев го одбележа роденденот на татковината со слоганот ,,Боите на татковината”. Додека само една година подоцна или во 2020 година, слоганот на прославата за независноста на Република Македоника го насловија ,,Ја славиме независноста на Северна Македонија.
Во 2021 година година кога се одбележуваше 30 години од независност на Македонија, владата на СДСМ дизјанираше лого ,,МК30 Северна Македонија”, а како што тогаш соопштија од владината прес служба, за називот на логото биле инспирирани од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаат независна држава Република Македонија, и од се она кое што денеска Република Северна Македонија го носи во себе како демократска држава.
Иако во 2022 година, граѓаните очекуваа промена во делот на прославување и одбележување на 8ми Септември со премиерот Димитар Ковачевски, воопшто немаше промена на подобро.
Логото со кое се прославуваше денот на независноста во 2022 година беше насловено ,,Обединети во слободата”, повторно изостана името на државата Република Македонија. Но, иако беше помпезно најавено дека денот ќе биде одбележан со свечени и културни активности во целата држава, на плоштадите ширум државата воопшто немаше народ, освен во Скопје каде што само неколку министри во владата на СДСМ и ДУИ беа присутни да го слушат премиерот Ковачевски во својот говор.
Денеска, 8ми септември 2023 година логото со кое го слави владата на СДСМ и премиерот Ковачевски, денот на независноста на Република Македонија, е речиси идентично со логото во 2022 година кое беше насловено ,,Обединети во слободата”, ,,Гласник на слободата. И денеска повторно владата и Ковачрвски изостануваат да го изговорат или напишат името на државата, Република Македонија.
Петта година по ред во речиси сите честитки или обраќања, соопштенија на СДСМ и премиерот Ковачевски изостанува да се спомене само Македонија, македонскиот народ, македонската историја, македонскиот јазик, Македонци или македонско.
И ова не е само за денот на независноста 8ми септември. Ковачевски и СДСМ покажуваат дека се срамат од државата и кога се прославува 2ри Август Илинден, кога во своите говори изостанува да се спомене името на државата и историските личности од тој период.
Но, како и да е, дали му се допаѓало на Ковачевски и СДСМ, или пак дали се срамат од независноста на Македонија, денеска 8ми Септември македонскиот народ го прославува 32 роденден на Република Македонија, бидејќи во 1991 година 95 проценти од граѓаните кои излегле на гласање преку референдум се изјасниле дека сакаат да живеат во суверена, независна и самостојна Македонија.