И денеска продолжува потрагата по детето Петар Џобоски кое исчезна во петокот вечерта, информираат од МВР за КУРИР.
Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.
Како што информираа од МВР вчера, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.
Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.
Од МВР уште еднаш апелираат и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.
По социјалните мрежи исто така се споделува апел за било каква информација.