Шест ко-изложувачи од Македонија, хотелиери и угостители утре и задутре учествуваат на Саемот за туризам во Тирана.
Саемот е од затворен карактер, само за средби меѓу приватниот сектор, не и за посетители, а учеството на македонската делегација го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Земјава во Тирана се претставува втора година по ред, но првпат учествуваат и две општини, Охрид и Струга.
– За саемот во Тирана АППТ изработи флаер на албански јазик во кој се промовираат дестинациите Скопје, Битола, Охрид, Струга и ски центрите низ Македонија. Македонскиот штанд е на 40 метри квадратни со репрезентативен изглед кој ги доловува туристичките карактеристики на нашата земја, вели директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски кој ја предводи делегацијата. (МИА)