вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија неславен рекордер по лош живот

Македонија неславен рекордер по лош живот

Македонија продолжува да нижи неславни европски и светски рекорди по лош живот и низок животен стандард, народот тоне во сиромаштија, а најмладите се повеќе планираат да се иселат во западно европските земји.

Според статистиката на Еуростат, земјава е трета најсиромашна во Европа а речиси половина милион македонски граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Најновите податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека, 455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население.

Со појавата на пандемијата која ја предизвика новиот корона вирус, економската состојба уште повеќе почна да се влошува, а над 50 илјади граѓани ги изгубија своите работни места и со тоа останаа без извор на егзистенција.

Македонија руши светски, црни рекорди и по број на починати од Ковид-19. Имено, Франс Прес направи анализа во која дојде до заклучок дека Македонија е меѓу првите пет држави во светот по смртност од корона вирусот. Односно, Македонија е петта во светот според смртноста од Ковид-19 на 100,000 жители.

Друг неславен рекорд кој државата, под раководство на Зоран Заев го освојува е тоа што македонските граѓани се најнесреќните во светот. Според истражувањето на јавното мислење што го направи агенцијата Галуп, Македонија е прогласена за најнесреќна земја на светот, односно се најде на врвот на листата со резултат од -3 поени.

Државава е на дното во Европа по демократија. Имено, Фридом Хаус излезе со листа на европските земји во кои е оценето нивото на демократија кое владее во нив, а Македонија е оценета како земја со хибриден режим.

Македонската држава е лидер во Европа по одлив на мозици и раселување на млади лица. Според угледниот британски Економист, Македонија е трета земја во Европа во која младите со високо стручна подготовка сакаат да си заминат.

Иако актуелнава власт предводена од СДСМ и Зоран Заев, за време кога беа опозиција и особено во предизборниот период на предвремените парламентарни избори 2016 година, од уста не ја извадија флоскулата дека со нивно доаѓање на власт во Македонија ќе донеле „живот за сите“, каде што секој тука ќе ја градел иднината, а дури и раселените ќе ги враќаат назад. Но, за жал ништо од тоа не остварија.

Најнови вести