вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија оваа година е претседавач на ОБСЕ

Македонија оваа година е претседавач на ОБСЕ

Македонија од денеска го презема претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација во која членуваат 57 земји и 11 медитерански и азиски земји-партнери на Организацијата. Претседавањето се случува во време кога светот повторно се соочува со најголемиот предизвик – руската воена агресија во Украина, која претставува флагрантно кршење на Повелбата на ОН, основните премиси на меѓународното право, а пред сè, вредностите на хуманоста.

Токму конфликтот во Украина и намалување на далекусежните последиците од кризата ќе заземат централно место во агендата на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Мотото на претседавањето ќе биде „За луѓето се работи“, со цел да покажеме дека во суштината на сите големи меѓународни организации и структури лежи потребата да им се олесни животот на обичните луѓе, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Обврските за претседавањето за земјава формално започнаа со станувањето дел на тројката претседавачи на ОБСЕ заедно со Шведска, која улогата на претседавач ја вршеше во 2021 година и минатогодишниот претседавач Полска. Министерот Османи како еден од најважните приоритети и во 2022 година ја посочи токму нашата подготовка за претседавање со ОБСЕ и активната улога на земјата како дел од тројката. (МИА)

Најнови вести