понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ – замрзнати патишта утрово на овие патни правци, во овие градови вистинска зимска идила, внимавајте и кон овој граничен премин! (ФОТО)

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ – замрзнати патишта утрово на овие патни правци, во овие градови вистинска зимска идила, внимавајте и кон овој граничен премин! (ФОТО)

Пијанец и Малешевијата се под нова снежна покривка. Поради тоа сообраќајот на локалните и регионалните патишта од утрово се одвиваше отежнато, но посериозни проблеми, како што информираа од подружницата на ЈП „Македонија пат“ не се забележани.

-Како резултат на ладна воздушна маса околу 5 часот утрово имавме доста лед по коловозите. Наши екипи со механизација интервенираа со посипување на потребната количина сол. Долж патните правци Делчево – Пехчево – Берово, патот до граничен премин Делчево, село Разловци, како и други помали патишта под наша надлежност немаме јавувања за проблеми, информираа од подружницата на „Македоднија пат“.

Своите работни активности, како што додадоа, ги продолжуваат со чистење на регионалниот пат кон село Бигла, како и патот до планината Голак.

Оттаму апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајна сигнализација и условите на патот.

Снежната покривка во Пијанечко-малешевскиот предел е особено изразена на повисоките места во селските средини, а со помал интензитет и во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Најнови вести