Грејната сезона не е во ек, но загадувањето на воздухот во Скопје покажува дека зимата одамна го минала прагот. Со првиот пад на темепературите, на многу мерни станици се забележува високо присуство на честичките ПМ10, а денеска најзагадено е во Лисиче.
Последните мерења покажуваат дека населбата Лисиче е меѓу најзагадените каде концентрациите на честичките ПМ10 денеска во еден момент достигнаа 70 микрограми на метар кубен, односно 35 над дозволеното.
После следува општината Центар со 59,5, па Карпош, Бутел, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Куманово.
Според веќе објавените анализи на Град Скопје, греењето на цврсти горива е најголем загадувач на воздухот, па се предлага да се субвенционира купувањето инвертори, а се планираат и засилени контроли на големите производствени фирми.
Лани Скопје и Тетово неколку пати беа најзагадени градови во светот. Студијата на Светската банка покажува дека како резултат на загадениот воздух во Македонија умираат околу 1.300 лица годишно.