Еден од главните постулати на кои се темели постоењето на Патриотско друштво е да ја подигне националната свест на македонскиот народ.
„За вистински да напреднеме како народ и како нација, треба да научиме да си помагаме и да се чуваме едни со други. Тоа е наша должност првин како Македонци, а отпосле и како Христијани“, велат од Македонското Патриотско друштво.
-Драги пријатели, каква корист има да велите дека сте верници, ако тоа не се гледа од вашите постапки? Може ли таква вера да ве спаси? Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна. Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неопходно за да преживее!? Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера. Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои – дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера. Овие стихови од посланието на апостол Јаков го опишуваат она кон кое се стремиме ние самите, велат тие.
Уште од почетокот на Патриотско друштво се трудат што повеќе да помагаат на македонските бранители. Низ годините Патриотско друштво порасна и стана голема заедница, па така беа во можност да го прошират опсегот на нивните хуманитарни акции.
-Помагаме на сите Македонци на кои им е потребна нашата помош. Сметаме дека секој Македонец и Македонка треба да има достоинствен живот – од најмладите до најстарите. Пример за тоа се нашите хуманитарни акции од претходните неколку месеци. Прво ја посетивме баба Гуна која живее сама, без никаква помош во село Ветуница, Ранковце. Неодамна бевме и во Куманово, каде заедно со здружението Let’s spread love организиравме донација на училиштен прибор за новата генерација македонски првоодделенчиња. Покрај тоа, би сакале да ги издвоиме донациите на семејството Кузмановски од кое беше погодено од пожар кој целосно им ја изгоре куќата. Тука се и нашите хуманитарни акции во Охрид, Велес, донацијата за ФК Вардар и така натаму, велат тие.
Со нивните дела и акции сакаат да поттикнат што повеќе Македонци да го прават истото.
-Помагајте си бидејќи само така можеме да изградиме поубава иднина за сите. Доколку некој пак сака да донира преку нас, тоа може да го стори преку нашата продавница patrioti.club каде има опција за купување на бон за донација. Секако, дел од секоја нарачка во продавницата исто така оди во хуманитарни цели, велат од Патриотското друштво.