четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија станува сè посиромашна: 22,2 % од населението живеело во сиромаштија во 2017 година

Македонија станува сè посиромашна: 22,2 % од населението живеело во сиромаштија во 2017 година

Македонија се повеќе тоне во сиромаштија. И покрај ветувањата на Владата дека ќе го зголеми стандардот на живеење и ветувањата од 500 евра плата сепак скоро една третина од македонските граѓани живеат во сиромаштија. Според  Државниот завод за статистика процентот на сиромаштија во 2017 година изнесува огромни 22,2 % што значи имаме зголемување за 0.3 % од 2016 година кога стапката на сиромаштија изнесуваше 21,9 %, анализира ЕКОНОМСКИ.

Така според најновите информации на Државниот завод за статистика и  според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 22.2 %.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20.0 %. Според најфрекфентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32.5 %.

Според експертите ова е една од најголемите стапки на сиромаштија како во регионот така и во Европа. Тие сметаат дека Владата не успеа да ги исполни ветувањата кои ги даде пред да дојде на власт. Инаку, Владата ветуваше намалување на сиромаштијата покачување на платите односно 500 евра плата и зголемување на стандардот на живеење но ништо од ова не беше реализирано.

Извор: ЕКОНОМСКИ

Најнови вести