петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија тагува: Актерот Гоце Влахов ќе биде погребан утре

Македонија тагува: Актерот Гоце Влахов ќе биде погребан утре

Викендов почина легендарниот македонски актер Гоце Влахов и ја зави Македонија во црно, а трогателни пораки се нижат од неговите колеги и пријатели на неговиот Фејсбук.

– Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов, Со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шестгодишна борба со рак. За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел. Ова со тага го напишаа вчера неговата сопруга и ќерка.

Се простија и од МНТ.

– Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерот Гоце Влахов (1949-2019). Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година.

Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење.

Првата улога на сцената на Македонски народен театар Гоце Влахов ја остварува во 1972 година во претставата „Крал Лир“, а потоа се редат и „Хелдерлин“ (1973), „Сезона на шампионите“ (1975) и „Славата и смртта на Хоаким Муриета“ (1975). Во селективната театрографија ќе ги спомнеме и претставите „Милион маченици“ (1980), „Војна и мир во Груда“ (1981), „Остен“, „По претставата“(1981), „Габи“ (1982), Макавејските празници“, „Свирач на покрив“ (1983), „Воена тајна“, „Погрижи се за Амелија“ (1984), „Среќна нова 1949“, „Рамна земја“ (1985), „Тартиф“, „Гуштерица“ (1986), „Мрестење на краповите“, „Дон Кихот“ (1987), „Рави“ (1989), „Галеб“, „Посета на старата дама“ (1990), „Зора на истокот“ (1991), „МКС“ (1995), „Гроф Миливој“ (2001), „„Болва в уво“ (2007) и последната „Троил и Кресида“ (2010).

Остварува главни улоги во филмовите „Чекор пред времето“ (2003) и „Андер“ (2004), а игра и во филмовите „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Оловна бригада“ (1980), „Сенки“ (2007) и „Мајки“ (2010). Учествуваше и во снимањето на познатата телевизиска серија „Македонски приказни“ (од 1986 до 2012) и во ТВ серијата „Тврдокорни“.

Посмртните останки на Гоце Влахов ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел на 30 јули (вторник), во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот.

Вечна му слава!, напишаа од МНТ.

Се простија и многу актери од својот колега и пријател.

– Си замина еден од најзгодните фраери на македонското глумиште.Си замина човекот кој ми подаде рака тогаш, кога ми беше најпотребна. Заедно поминавме илјадници километри и изигравме стотици детски претстави низ секое селце и град во Македонија. Не ми беше само колега, станавме семејство. Се сакавме, се каравме, но бескрајно се почитувавме. Секогаш имаше топол збор за охрабрување и утеха. Ќе недостигаш.. Многу.. Нека ти е светло кралу мој, напиша актерката Марина Поп Панкова.

– Брат, жалосно но вистинито, не успеавме за последно да се испонаприкажеме, замина без збогум во ова проклето време…Почивај во мир мој скап другар и соборец во нашите заеднички премрежија. Твојата добрина и ведрина е неизбришива од нашите срца…напиша лазар Бараков со тага.

Најнови вести