Четиричлена македонска планинарска експедиција успешно го искачи врвот Дамаванд, кој со 5.671 метар надормска височина е највисокиот врв на Иран и највисок вулкански врв на Евроазискиот континент.
Успешното искачување македонската експедиција составена од планинарите Иван Трпков, Александар Ивановски, Пеце Караболов и Боби Цветков го направи вчера на 24 јули.
Четворицата планирани се членови на Планинарскиот спортски клуб „Димитар Илиевски Мурато“ од Битола.