вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски дипломатски синдикат: МНР Е НАЈНЕТРАНСПАРЕНТНО МИНИСТЕРСТВО

Македонски дипломатски синдикат: МНР Е НАЈНЕТРАНСПАРЕНТНО МИНИСТЕРСТВО

Две ипол години трае феноменот на игнорирање, односно неодговарање на ниту едно наше прашање од страна на г-нот Османи и раководството на МНР, без оглед дали карактерот на прашањето е од економско-социјален, здравствен или професионален аспект и без оглед што е тоа нивна законска обврска. Дали се работи за „стратегија“ на игнорирање на вработените во еден неурбан мачо стил на неговиот неславен претходник Димитров или за феномен од понов датум, изграден врз карактерот на МНР како најнетранспарентно министерство (согласно истражувањето на Центарот за граѓански комуникации минатата година), не би знаеле да кажеме, па тоа ќе му го препуштиме на Османи да појасни. Го охрабруваме да се охрабри, реагира Македонскиот дипломатски Синдикат.

„Она што го гледаме е како г-нот Османи од ден на ден феноменално продолжува да го развива феноменот на партизирање и централизирање на куќата на дипломатијата и да го зајакнува клиентелизмот кој што е навлезен во секоја пора на службата и се наметна како феноменален начин за напредување во службата.

Како синдикат, гласно го поздравивме претходниот министер Димитров при неговото заминување од МНР со желба никогаш повеќе да не го видиме.

Срдечно ќе го поздравиме и г-от Османи кога ќе дојде време и јавно ќе го пофалиме дека ќе го паметиме како феномен кој успеал феноменално да го надмине својот феноменално неславен претходник.

Укажуваме дека е дојдено крајно време за прочистување на Авгиевите штали на дипломатијата, доколку желбата да имаме професионална, релевантна и достоинствена дипломатија е се уште жива“ – се наведува во нивното соопштение.

Најнови вести