среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски државјани не побарале помош поради пожарите во Грција, МНР препорачува да се избегнуваат патувања во тие региони

Македонски државјани не побарале помош поради пожарите во Грција, МНР препорачува да се избегнуваат патувања во тие региони

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, препорачува македонските државјани да избегнуваат патувања во тие региони.

-Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба, информираат од МНР.

Контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.

Најнови вести