недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски граѓани минуваат низ голгота: Заглавени на аеродром во Малта, летови презакажани до недогледно време

Македонски граѓани минуваат низ голгота: Заглавени на аеродром во Малта, летови презакажани до недогледно време

Патниците кои денеска требаше да дојдат од Скопје за Малта, но и од Малта за Скопје буквално се оставени да чекаат на аеродром до недогледно време.

На секој час тие добиваат информација дека летот е презакажан.

Последна информација е дека летот ќе се реализира во 00:50 вечерно време.

Тие се огласија на социјалните мрежи каде бараат да бидат заштитени од надлежните и откриваат дека поминуваат низ голгота.

„Бареме Влада на Република Северна Македонија веднаш преку надлежното министерство за Транспот и врски да реагира и да ги заштити правата на патниците.

Не е прв пат оваа нискобуџетна компанија да ги остави патниците да чекаат летови со часови и постојано да ги презакажува.

Срамно и жално е како се третираат македонските патници и за тоа никој не сноси одговорност“ – стои во објавата на Македонската заедница во Малта.

КУРИР побара одговор за оваа состојба од посочената компанија, штом добиеме информации, веднаш ќе ги пренесеме.

Најнови вести