Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски, е еден од повредените на скијачките терени во Маврово, во тепачка во која учествувале две групи, една од Косово, а другата од Гостивар, објави Слободен печат.
Тепачката се случи на 2-ри јануари поради редот за ски лифтот. Имаше двајца повредени, а 18-годишно момче од Косово има повреди на главата. На двете страни имало по 4-ца учесници во инцидентот.
Кошаркарот Ѓуроски кој настапува за Пелистер потврдил дека е повреден без да даде многу детали за инцидентот по кој постапува гостиварското обвнителство.
– Добар сум, имам скршеница на десната рака, подлактицата ми е скршена. Успешно бев опериран вчера. Следува пауза од месец ипол или два, за закрепнување. Тоа секако негативно ќе се одрази на мојата сезона. Но, ќе се трудам да се вратам што побрзо и да бидам уште поподготвен кога ќе се вратам. Не би сакал да коментирам поопширно, меѓутоа бевме нападнати, така да кажам, од заседа. Се качувавме по ски-лифтот и тие горе не чекаа со извадени скии, подготвени – изјавил Ѓуроски за Слободен печат.
Инаку инцидентот почнал кога 4-ца скијачи од Косово преку ред тргнале на жичарницата.