среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот културен центар во Благоевград ќе биде отворен до крајот на годината

Македонскиот културен центар во Благоевград ќе биде отворен до крајот на годината

Отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград, Бугарија, ќе се случи до крајот на годинава, истакна портпаролот на Владата Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Ова претходно го најави премиерот Димитар Ковачевски за време на пратеничките прашања како одговор на реакциите што се појавија во јавноста по повод отварањето на бугарскиот културен клуб во Битола што го носи името на Ванчо Михајлов.

Најнови вести