На покана на МВР на Република Бугарија, заедно со дел од раководството на нашето МВР имавме можност да ги проследиме заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски.
-Уверен сум дека оваа средба и ваквите заеднички вежби ќе придонесат кон натамошно продлабочување и унапредување на провереното партнерство, во прекуграничната полициска соработка, во борбата против илегалната миграција, организираниот криминал, тероризам, криумчарење мигранти и трговија со луѓе, недозволена трговија со дрога, недозволена трговија на акцизна стока и стока за широка потрошувачка, финансиски истраги и перење пари, корупција на граничните премини, еколошки криминал, криминал против културното наследство итн, а се во интерес на двете министерства и граѓаните на двете држави, истакна Спасовски.