МПЦ ОА ги стопи суетите помеѓу двете најголеми православни цркви, смета Владиката Пимен по веста дека Руската православна црква ја призна МПЦ ОА . Овојпат испаѓаме алка што спојува одлука на православниот свет, а не камен на сопнување смета владиката и вели ова е силна порака за славјанскиот блок на цркви да се придружи кон прифаќањето на препораката.
Радосната вест е се поблиску, вели портпаролот на Синодот за Сител, и додава дека очекуваат наесен и официјално Вселенската Патријаршија да издаде Томос за автокефалност на МПЦ ОА .
Одлуката на Руската православна црква ја поздрави и директорот на комисијата за односи меѓу верниците.
-Нека православното братољубие биде посилно од поделбите и суетите, нека донесе мир, а нашата древна МПЦ- ОА нека се радува за големите дарови кои ни ги донесе оваа 2022.
Руската православна црква во одлуката пишува дека го признава автокефалниот статус на сестринскта црква, онака како што одлучи Синодот на СПЦ. Во официјалното соопштение стои дека биле добиени две писма, едно во јули од Архиепископот Охридски Македонски Стефан и второто од српскиот патријарх на 8 август.
„Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси“.
За разлика од нив, грчката и бугарската православна црква ја прифатија одлуката на Вселенската Патријаршија за канонско прифаќање на Охридската Патријаршија и заедничко сослужување, се до конечното издавање на томосот за автокефалност. Оттаму и сугерираа дека за административното име на црквата ќе треба да се постигне договор меѓу МПЦ ОА и СПЦ.
Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение: