Заменик министерот во животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил посочи од нас зависи кого ќе слушаме и на кого ќе му веруваме.
Тој додава дека додека бил на факултет студентите, кои не учеле, залудно се молеле и палеле свеќи за да им се паднат полесни задачи.
-Венко кажа сѐ. Од секој нас зависи кого ќе слуша и на кого ќе верува. Јас како и секогаш верувам на науката. Се сеќавам, кога бев на факултет, ако студентите не научеа, залудно се молеа и палеа свеќи да им се паднат полесни задачи, напиша тој.