Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа во емисијата „24 анализа“ посочи дека оризопрозиводителите со доаѓање на новата Влада имаат нов момент дека добиваат плус 30.000 денари, тогаш Тони Максимов, претставник на оризопроизводители го прекина министерот и рече дека не е точно бидејќи тие пари ги добивале порано и од претходната Влада.
-Министерот кажа дека тоа е нов момент, но тоа не е нов момент, ние тие 30.000 ги добивавме и од претходната Влада, нагласи Тони Максимов, претставник на оризопроизводители во гостување на „24 Анализа“.
Максимов додаде дека министерот парите ги става по основ на семенски или по основ на штета од град или по основ на штета од суша. Тие пари како земјоделци ги добиваат тие три илјади денари односно 30.000 по декар, 30.000 по хектар ги добиваа.