четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малчески: ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција, ако власта ги одбие предлозите на Мицкоски решение се избори

Малчески: ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција, ако власта ги одбие предлозите на Мицкоски решение се избори

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став и на маса даде два предлози, тие викаат нема што да преговараме и да правиме работни групи, еве ги предлозите и произнесете се. Ова не е прв пат опозицијата да пружа рака, во април 2022 година понуди четири тима од кои еден требаше да и помогне на владата уште пред бугарскиот односно францускиот предлог, во справување со тогашната ситуација. Ковачевски тогаш одби и влезе во ситуација во која врска нема што се случува, а ситуацијата се усложнува, изјави универзитетскиот професор Самоил Малчески за „Само вистина“ на Канал 5.

– Се поставува прашањето која е агендата на Ковачевски? Мицкоски јасно кажа дек одбил 5 министри и дека не учествува во таква вада, му нудат сега премиер и ни тоа нема да го прифатат, рече тој.

Малчески појасни дека Ковачевски не стави во позиција во која Бугарија продолжува со негаторската политика, како и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти и власта има избор или да ги прифати предлозите или да се оди на избори.

– ВМРО-ДПМНЕ кажува дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и тука се јасни. 44 пратеници нема да гласаат. Во овој пратенички состав нема пазарџии како Нола Исмајловска Старова, Крсто Муковски, Елизабета Канчевска Милевска. Ако СДСМ и Ковачевски го одбијат ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашање дали СДСМ е заложник на ДУИ во владата и што СДСМ ветувала на штета на македонските национални интереси. Кога имаат јасен и чист предлог тие спинуваат. До кога Македонија ќе биде заложник на нечии интереси. Решение се избори. Ковачевски не учествуваше на избори и сега лесно му е да се расфрла со функции. Ако власта ги одбие предлозите на опозицијата нема друго решение освен избори, потенцираше Малчески.

Тој додаде дека власта сега блефира, и штом се фалат дека имале бројка за уставни измени тогаш нека ги стават на гласање.

Најнови вести