Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко пекарската индустрија Агроглобал Трејд Скопје во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека во изминатите два месеца мелничко пекарската индустрија работи со загуба.
-Ние не разговараме за профити. Ние во изминатите два месеца работиме на нула и во загуба. Значи ние тоа и го објаснуваме на владата. Во целата индустрија загубите се месечно од 30.000 евра па до 350.000 евра. Значи колку си поголем, поголема е загубата, колку месеци ќе издржи таа компанија со загуби, месец, два три. Ние не разговараме за ајде загуба од еден месец па ќе ја покриеме, ние разговараме за енормни загуби. Јас не можам да тврдам за другите индустрии зошто јас ја претставувам мојата индустрија, мелничко пекарската индустрија работи со најмали маржи, вели Малишиќ.
Ако набавката на суровините ако годинава се качи за 70 проценти, и кај што струјата се качи за два пати, за 200 проценти, или гасот за 200 проценти, ние мора да ги градиме тие трошоци некаде, ако не ги вградиме тогаш ние ќе пропаднеме, вели Малишиќ.