четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мало зголемување на водостојот на дел од реките во однос на вчерашните мерења

Мало зголемување на водостојот на дел од реките во однос на вчерашните мерења

Мало зголемување на водостојот на дел од реките се забележува денеска во однос на вчерашниот ден.

За пет сантиметри е зголемено нивото на реката Струмица, а за четири сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Благо зголемување на водостојот има и кај Црна Река.

Кај езерата денеска се забележува намалување за уште еден сантиметар во однос на вчерашните мерења кај Охридското Езеро, додека кај Преспанското Езеро ситуацијата е непроменета во однос на вчера.

Најнови вести