Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува вербалниот напад на премиерот Зоран Заев врз новинар на Инфомакс за време на изјавите по извршниот одбор на СДСМ вчеравечер.
– Премиерот тврди дека е транспарентен, а обвинува новинари за нарачани прашања. Нема незгодни прашања, има прашања на кои секој избран или именуван функционер е должен да одговори во интерес на граѓаните. Политички притисок и закана е обвинувањето за новинар дека поставил нарачано прашање и дека правел конструкции.
– Прашањето на новинарот на инфомакс.мк не отстапува од било кое правило содржано во етичкиот кодекс на ИАБ, а беше во врска со можна “метла” за Кочо Анѓушев и нивото на реинвестиции од вкупната бројка на странските инвестиции.