Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека денешната прес конференција на Управата за финансиска полиција која јавно објави дека поднела кривична пријава против директорот на МРТВ, преставува врв на двегодишниот политички притисок од власта со кој се соочува раководството на јавниот сервис.
Ваквите закани против медиуми, директори на медиуми и новинари од правосудни инстанци, (финансиска полиција, СЈО, ОЈО, Судови) ја качија земјава на европскиот врв со 52% загрозеност на слободата на медиумите, наспроти европскиот просек од 23%.
И за оваа ситуација МАН ќе ги извести ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преставници во земјава.