четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манасиевски: Еден лист од тревата на Шилегов на плоштад чини 1 евро, затоа му даваме цела тепсија со трева која чини помалку од евро

Манасиевски: Еден лист од тревата на Шилегов на плоштад чини 1 евро, затоа му даваме цела тепсија со трева која чини помалку од евро

Денеска сме пред објектот на градот Скопје, дојдовме бидејќи чувме дека градоначалникот Петре Шилегов и покрај тоа што е љубител на многу земски задоволства е љубител и на скапа зелена трева, по примерот на онаа наседена во стогиот центар на градот, во популарното трло на плоштадот кое чини неверојатни 530 илјади евра. И плус уште толку за зелениот кров на ГТЦ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова зелено задоволство на Шилегов, скопјани ги чини 1.1 милиони евра. Затоа ние дојдовме да му понудиме тепсија трева кој целата чини помалку од едно евро, а ние во духот на солидарноста ја даваме бесплатно. Оваа тепсија трева е далеку поефтина од златната трева во трлото на плоштадот, каде што веројатно еден лист чини 1 евро. Ова е македонска корова трева, која им пркоси на минливи и фрустрирани политичари. Оваа слично како и тревникот на плоштадот може да се користи повремено за овци, а може и да трчка по некое зајче од познатата раса муртиногејт. Но шегата на страна, нервозниот Градоначалник Петре Шилегов и неговиот тим длабоко се заглавија во овој скандалозен и скап проект. Еднаш велат Градот Скопје гради, еднаш велат анонимни граѓани саделе трева. Се прашуваме дали утре и задутре некој анонимен граѓанин нема да изгради нова платформа на Матка, зграда сред паркот или кафана на покривот на ГТЦ и Петре Шилегов нема да отиде тоа да го презентира пред медиумите како свој нов прескап проект?, прашува Манасиевски.

-Народот вели не за кого е речено, туку за кого е печено, со здравје милионската трева. Туку господине Шилегов, до каде е оставката, или уште планираш да ќе ги мачиш скопјани, а и скопјани да се мачат со тебе?, прашува Манасиевски.

Најнови вести