четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Доведен е во прашање статусот на Охрид во УНЕСКО, а општината легализирала 250 дивоградби

Манаскова: Доведен е во прашање статусот на Охрид во УНЕСКО, а општината легализирала 250 дивоградби

Магдалена Манаскова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на Алфа телевизија зборувајќи за препораките на УНЕСКО во врска со статусот на градот Охрид истакна дека според ДЗС Охрид е град со најголем број на дивоградби во Македонија и во период од 2017 година до денеска се легализирани 250 дивоградби.

-Доведен е во прашање статусот на Охрид во УНЕСКО, а општината легализирала 250 дивоградби нешто што веќе е легализирано не може да го срушиш, во период од 2017 година до денеска, вели Манаскова.

Таа вели дека нема простор ниту време, за жал она што до сега било испорачано од УНЕСКО односно 19 те препораки со рок на исполнување од две години за жал не се случи. Биле исполнети 4 од 19те препораки кои се однесуваат на стопирање на одредени проекти , меѓутоа освен стопирање на проектите немало ништо друго конкретно реализирано, а една од најважните препораки која била нагласена од Извештајот на УНЕСКО е мораториум на градење во старото градско јадро.

Манаскова вели неносењето на Законот не беше пречка да се спроведат препораките на локално ниво и општината и владата не смогнале сили да се направи мораториум на нелегално изградени објекти во Охрид.

Најнови вести