среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Кај нас изборот на антикорупциска комисија се компликува со најразлични ограничувања

Манаскова: Кај нас изборот на антикорупциска комисија се компликува со најразлични ограничувања

Имам одредени забелешки по однос на текстот на предлог законот за пристапување на корупцијата и судирот на интереси. Само еден краток коментар исто како и колегите кои што говореа пред мене. Да се случеше ова во време на претходната власт да нема десет месеци антикорупциска комисија, мислам дека на сите медиуми ќе беше претставено како невиден скандал, појасни Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Манаскова образложи дека изговорот за тоа како работела претходната комисија што слушнавме од колегите пратеници не може да биде никако причина за ваквото однесување и ваквата несериозност. Со цел да се добие поточна слика за новитетите во предлог законот за спречување на корупцијата и судир на интереси покрај анализа на истиот потребно е и да се направи одредена компарација од регионален аспект. Во регионот најдобро позиционирана од државите со кои што имаме сродна норматива во однос на првенција на корупцијата е Словенија. Колегата претходно кажа дека Република Македонија според листата на „Транспаренси Интернешенал“ е на 107-тото место за жал, но за разлика од нас Словенија се наоѓа на релативно високото 34-то место.

Како е уредена оваа проблематика во Словенија, таму Комисијата се состои од 3 членови, главен комесар и двајца заменици. Нив ги именува Претседателот на Републиката од предлог листа доставена од посебен одбор за селекција. Одборот за селекција се состои од 5 членови и тоа по еден претставник од Собрание, Влада, Судски Совет, Невладин сектор и уште една институција т.н. Државен совет кој што кај нас го нема. Овој одбор за селекција спроведува интервју со секој од пријавените кандидати и со мнозинство гласови одлучува кој од кандидатите ги исполнуваат условите, посочи Манаскова.

Манаскова нагласи ако се направи споредба помеѓу нивниот метод и начинот на именување што се предлага сега во ова законско решение кај нас. Со новиот закон за спречување на корупција и судир на интереси произлегува кај нас непотребно се компликува оваа процедура со најразлични ограничувања.

Најнови вести