четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Пи-ар пропагандата на СДСМ единствено шири лажни вести

Манаскова: Пи-ар пропагандата на СДСМ единствено шири лажни вести

Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисија „24 Анализа“ каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција која што ги гласа законите кои се за доброто на граѓаните иако власта шири лажни вести само да наштети на партијата.

-Би сакала да истакнам дека она што го говори пи-ар пропагандата на Социјалдемократскиот сојуз во однос на нашето наводно блокирање на закони во Собрание и на одредени процеси апсолутно е неточно, нагласи Манаскова.

Манаскова образложи и пример за тоа како пи-ар пропагандата на власта шири лажни вести.

-Доколку не беше опозицијата пратениците на Социјалдемократскиот сојуз не можеа да обезбедат мнозинство за да го изгласаат толку најавуваното покачување на минималната плата. Без опозицијата ниту еден од законите кои што го тангираат целокупното население на Република Македонија во овој парламентарен состав апсолутно не можеше да помине. Не знам зошто се оди на таква пропаганда, кога еве и вие како новинари и како медиуми полесно може да проверите дека апсолутно не е точно ништо што се однесува до таа пропаганда дека ние блокираме закони или оневозможуваме донесување на одредени закони. Таков е и примерот со конкретниот закон за однос меѓу заедниците за кој што говориме опозицијата уште од самиот почеток кога законот влезе во собраниска процедура во матичната комисија за политички систем и однос меѓу заедниците, активно се вклучи во подобрување на текстот на ова законско решение. Имаше јавна расправа на која што исто така беа изнесени одредени забелешки од страна на присутните експерти и веќе во второто читање ние како опозиција имавме и одредени амандмани со цел да влијаеме на едно подобро законско решение, појасни Манаскова.

Манаскова додаде дека на крај се донесе законот со поддршка на опозицијата.

-Тоа само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција.

Најнови вести