петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски и од изолација му го „чува грбот“ на Филипче, ААВМУ биле виновни?!

Од МИОА додаваат дека „ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ“, и тоа го велат од политизираното министерство кое преку еден министер го правда незаконскиот настап и кршењето на изборниот молк во политички цели на друг свој министер, притоа набедувајќи и независна институција дека била политизирана, само и само затоа што професионално си ја вршела својата работа?!
Манчевски и од изолација му го „чува грбот“ на Филипче, ААВМУ биле виновни?!

Министерството за информатичко општество и администрација на Дамјан Манчевски, кој е во изолација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласувало со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк, информираат од таму.

„Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот законик, со оглед на тоа што министерот Филипче изјавата ја дал во својство на министер и во врска со здравствената криза предизвикана од вирусот ковид-19. Дополнително, министерот Филипче не беше на ниедна од кандидатските листи за предвремените парламентарни избори 2020 година. Во време на светска пандемија и редовно дневно информирање од страна на Министерството за здравство во врска со вирусот, за нас е несфатливо како регулаторот може да ја смета оваа изјава како прекршување на изборниот молк,“ се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека „ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ, велат од политизраното министерство кое преку еден министер го правда незаконскиот настап на друг свој миниситер, притоа набедувајќи независна институција дека била политизирана, само и само затоа што си ја вршела својата работа?!

Најнови вести