понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски по стапките на лидерот Заев, бара намалување на платите во администрацијата

Манчевски по стапките на лидерот Заев, бара намалување на платите во администрацијата

Врхушката и министрите на СДСМ одат по стапките на својот лидер Зоран Заев. Дали соочени со безиденоста и доцното побарување евтини кредити, чин на кој одамна предупредија експертите и опозицијата, неговите подредени партијци почнаа и со ублажување на мерката која ја бара Заев?

Сега, во најновиот обид да ја наметнат и оправдаат оваа непожелна мерка, се оди дури и со божемни најави за враќање на парите на администрацијата. Наводно, намалувањето на платите во администрацијата и во јавниот сектор би било времена мерка.

„Ако брзо излеземе од кризата, можеме да направиме поврат на средствата што ќе се скратат во следните месеци,“ изјави министерот за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски Во гостување на ТВ 21.

„Во услови кога се прашуваме дали ќе имаме средства да исплатиме плати, средства за здравствената заштита и за други неопходни работи, тоа е нешто разумно што можеме да го понудиме како политички партии. Предлогот на СДСМ опфаќа и намалување на платите на функционерите и на членовите на управните одбори. Оние членови во одбори што се вработени нема да земаат приход од членството во одборот. Трета по ред е администрацијата“, изјави Манчевски .

Тој процени дека мерката за намалување на платите на функционерите и на администрацијата, била солидарна.

Потпретседателот на СДСМ потенцира дека изборите се одложени, така што нема потреба ниту една партија да прави профитерство во време на здравствената криза. Притоа, Манчевски не појасни дали мисли на претставниците на СДСМ во Владата или на своите функционери.

Најнови вести