Пратеникот Горан Манојлоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на Комисијата за финансирање и буџет поднесе предлог амандман со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од 100 милиони денари за уредување на речното корито на реката Вардар во регионот на општина Јегуновце во должина од 7 километри- од селото Туденца до село Јегуновце со цел заштита на реката од изливање и нејзино насочување на течението.
Истиот амандман беше одбиен од страна на заменик министер за финансии Ширете Елези.
-Искрено се надевав дека можеби за овој амандман ќе излезете во пресрет. Бидејќи како што знаеме со ребалансот на Буџетот обезбедивте 9 милиони евра за општина Тетово. Се надевав дека ќе можете да обезбедите барем дел од овие средства да се започне овој проект во општина Јегуновце. Ова е еден долгогодишен проблем кој што засега повеќе села и со евентуална реализација на овој проект ќе бидат заштитени атарите на 4 села од поплави и се надевам дека нема да се одолговечи овој проект и да се чека од министерство за животна средина и од ИПАРД фондовите за да се санира ова. За да не дојдеме во ситуација да дојдеме до поголеми поплави бидејќи во тетовскиот регион ги има многу, образложи Манојлоски.