Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски се огласи по инцидент што му се случи во понеделникот на пат кон Собранието, кога вооружени полицајци го сопреле и му направиле претрес нему и на неговото возило.
Вели дека МВР мора да работи на целосна професионализација на своите припадници.
-Овој случај го затворив преку медијација и се откажувам од понатамошното гонење кон припадниците на МВР кои беа дел од овој настан, го прифатив нивното извинување за немилиот настан, но и со совети и препораки вакви настани да не се повторуваат, пишува Манојлоски меѓудругото.