среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски: Дали сега со овој закон имаме прилагодување за да може на мала врата да се впротне заштита на лица коишто не се државјани на наша држава?

Манојловски: Дали сега со овој закон имаме прилагодување за да може на мала врата да се впротне заштита на лица коишто не се државјани на наша држава?

Горан Манојловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска комисија за здравство рече дека законското решение и легислативата околу одредени закони и конвенции што се усогласени од страна на Собранието е чисто усогласување дека немало негативни примери и затоа сега се преточуваат како законско решение.

-Една работа овде не ми е јасна, нели нашиот закон за здраствена заштита е солидарен и било кој да биде пристутен на нашата територија на Република Македонија ќе му биде пружена било каква законска нега, медицинска нега, здраствена заштита и се што е потребно согласно нашите прописи. Во член 4 има набројано доста работи кајшто се утврдуваат стриктно правата на пациентите каде едно ми остави впечаток без разлика дали се работи за припадник на маргинализирана група, јазик, сексуална ориентација, родов идентитет и државјанство, посочи Манојловски.

Според ова тој го упати следното прашање:

Дали овој закон нешто припрема за нешто што се спрема во Mакедонија односно долгонајавуваната изградба на кампови за мигранти и согласно на тоа дали сега со овој закон имаме прилагодување на Законот за правата на пациентите за да може на мала врата да се впротне заштита на лица коишто не се државјани на наша држава?

Манојловски во своето обраќање го потсети министерот за здравство, Венко Филипче дека дежурствата не се плати, дека е дополнителен труд и дека ветувањето на Владата е основна плата од 100.000 денари на секој лекар-специјалист.

Најнови вести