Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.