Марија Николовска со превод од француски на македонски на делото „Жена на небото и бурите“ од Вилфрид Н’Сонде е годинaшниот добитник на деветтата Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“. Наградата денеска во Скопје ја додели шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, по повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември.
Целите на наградата за најдобар млад преведувач, започната од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било кој од јазиците што се говорат во земјата.
Прва пофалница годинава доби Цветанка Стоилова за превод од италијански на македонски на делото „Потопениот пресеп“ („Водата од езерото не е никогаш слатка“) од Џулија Каминито, а со втора пофалница и е доделена на Маја Тодоровска за превод од англиски на македонски на делото „Местото помеѓу“ од Килан Рајан.
Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир во своето обраќање на врачувањето на наградата рече дека овој ден е исто така повод за сите да се потсетиме на хармоничниот соживот меѓу различните јазици во Европа.
-Преводот создава и ги регенерира повторно литературните ремек дела. Преводот инспирира нови пристапи помеѓу пишувачите и писателите, и создава свежи гледишта меѓу самите читатели. Накратко, преведувачите се тие кои овозможуваат меѓукултурна размена, што всушност е една од најголемите добра на Европската Унија, додаде Гир.
Овој ден, како што рече, претставува и повод да се одаде признание на работата на литературните преведувачи и толкувачи, бидејќи како што рече, преведувачите се тие кои придонесуваат кон меѓукултурно разбирање и промовирање на вредностите на ЕУ.
-За следната година очекуваме да добиеме многу апликации и многу квалитативни преводи, додаде Гир.
Според амбасадорот на наградата „Вавилон“ за 2022 година, Владимир Мартиновски, книжевните преведувачи се драгоцени и значењето на оваа награда во македонската културна средина е од огромно значење.
-Европскиот ден на јазиците е ден во кој не може, а да не се сетиме дека она од што се создава литературата, уметноста на јазикот е истовремено уметност која е упатена кон преводот. Постојат уметности, како што е музиката и сликарството, кои лесно ги минуваат границите за кои велиме дека се универзален јазик, но овие уметности се присутни и во книжевноста. Ритамот е присутен во секој книжевен текст, рече Мартиноски во обраќањето на денешното врачување на наградите.
Уметноста на зборот, посочи Мартиновски, е уметност која оперира со мислење преку слики, така што, подвлече, каже книжевните преведувачи се всушност најдрагоцените мостови меѓу различните национални литератури создавани во различни периоди.
-Токму затоа, наградата „Вавилон“ за млади преведувачи е можеби една од најзначајните книжевни и културни награди во нашата книжевна средина. Преку оваа награда, младите преведувачи ги прават своите први чекори и всушност влегуваат и на голема врата во таа духовна авантура на преводот на книжевните дела од еден во друг јазик, додаде Мартиновски.
На денешното врачување на наградата, беше исто така најавена и десеттата јубилејна едиција на наградата „Вавилон“ за 2023 година.
Наградата се доделува во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со
Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ.
Наградите се состојат од парична награда во износ од 500 евра, годишно членство во Здружението
на преведувачи и толкувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието
Културен живот. Награди се доделуваат за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави.