вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маријана Петир: Кога му го земаш името на еден народ, тоа е духовен геноцид

Маријана Петир: Кога му го земаш името на еден народ, тоа е духовен геноцид

Во ситуација кога на еден народ сакаш да му го одземеш неговиот идентитет, култура, вредности, дух, да го избришеш како да не постоел. Кога му го земаш името, тоа со сигурност може да се нарече духовен геноцид. И тоа е нешто е недопустливо, вели Маријана Петир, хрватски европратеник од редовите на ЕПП, во вчерашното интервју во емисијата во Центар, на Васко Ефтов, коментирајќи го проблемот кој Грција, го има со нашето име.

– Јас сметам дека името го претставува идентитетот. Тоа е заштитен знак. Името нешто кое останува зад нас и кога ние повеќе нема да бидеме тука. Поради тоа сметам дека со името ниту народот, ниту државата не смее да се коцка. Оние кои поставуваат такви отстапки од Македонија не се добронамерни, дадава таа.

Петир вели дека никаде во светот нема друг пример каде што соседна држава бара промена на името на државата на својот сосед. Според неа други држави ги менувале своите имиња, но затоа што тоа самите го сакале, а не зошто некој тоа им го поставувал како услов.

Според Петир се работи за класична уцена. Имено таа вели дека кога владата ги отвори преговорите околу името се покажало дека за Грција не била доволна географската одредница, туку целосно бришење на терминот Македонија од името на државата. Тоа според неа не е воопшто прифатливо, таа вели дека истото наликува на народната “ Се дава прст, земаат цела рака.“

Во текот на целото интервју Ефтов неколку пати повтори дека Петир има поцврсти ставови за Република Македонија од одредени македонски политичари.

Пристапот кој Грција го има со Македонија, не е прифатлив, не е добар и неможе на никој начин да се оправда, вели Петир. Според неа дополнително е апсурдно што овој проблем се појавува на крајот на 80-тите, а пред тоа не преставува проблем. Таа вели и дека Грција со проблемот со името практично ја дефокусира сопствената јавност од лошите економски политики.

Таа вели дека ЕУ треба да удри во маса и да ја запре оваа пародија.

– Јас ова неможам поинаку да го наречам, освен пародија, изживување, една бескрупулозна уценувачка политика. Покажувањето на сила и мускули бидејќи мислиш дека тоа го можеш без никакви причини и аргументи. Тоа по мене е апсолутно недопустливо, јас се надевам и сум оптимист дека правдата на крајот мора да победи. Само не треба да се прифатат никакви уцени и да не се поминат границите кои македонскиот народ ги има, заклучува Петир.

Најнови вести