недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марин среде корона “нацртал” Кочо Анѓушев да добие тендер за метларки од пола милион евра

Марин среде корона “нацртал” Кочо Анѓушев да добие тендер за метларки од пола милион евра

480 илјади евра или речиси 30 милиони денари вреди договорот за набавка на метларки кој градоначалникот на Аеродром Златко Марин го склучил со компанијата Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Дека Марин ќе мете со Анѓушев за половина милион евра низ Аеродром потврдува и договорот кој беше објавен на социјалните мрежи.

Од него може да се забележи нетипичното наведување точно какви машини треба да се набават. Па во основниот договор е наведен член каква техничка спецификација треба да се исполни, по што нормално компанијата на Анѓушев експрено ја исполнила и добила набавката.

Зошто токму сега и зошто е нацртано со детали какви машини се набавуваат и дали тоа преставува преудицирање кој да го добие темдерот сеуште нема одговор. Инаку е познато дека претходно во јавноста градоначалникот на Аеродром Златко Марин склучил два договори со вредност од над 3 милиони денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел оддржување на манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата.

Најнови вести