вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марков: ВМРО-ДПМНЕ од ОК Ново Село најавува силен отпор кон начинот на кој СДСМ раководи со општината

Марков: ВМРО-ДПМНЕ од ОК Ново Село најавува силен отпор кон начинот на кој СДСМ раководи со општината

Денеска како претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ново Село побаравме и реализиравме средба со градоначалникот на општината на која адресиравме голем број прашања кои се однесуваат на се поголемите проблеми кои се јавуваат и насоката во која се движи нашата општина, истакна на денешната пресконференција Петар Марков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село.

-Имено апелиравме на тоа дека веќе четврта година општинската администрација го троши и времето и парите на граѓаните непродуктивно и дека СДСМ не покажа никаков капацитет за унапредување на условите за живеење.

Укажавме на тоа дека општината е инфраструктурно западната и дека не само што нема нови проекти и капитални инвестиции ,туку и она кое беше до сега реализирано е руинирано и е во распаѓање.

Повикавме на разум бидејќи наместо општината да работи на остварување на ветувањата за време на изборите се занимава со купување и продавање на службени општински возила. Наместо да донесат програми и мерки за облажување на последиците од пандемијата СДСМ носи промени на урбанистички планови со цел овозможување користење јавни парцели за посеви на марихуана.

Еве и од овде, од пред општинската зграда и јавноста, дури и да биде како маркетинг за пред избори, бараме да се реализира барем нешто од проектите ветени на граѓаните. Бидејќи доаѓа време на сериозен отпор а за среќа локалните избори ќе дојдат бргу, а тоа значи доаѓање на ново време, на нови луѓе кои се необременети енергични и способни и кои што можат да погледнат во лицето на правдата но и да побараат правда, рече Марков.

Најнови вести